Нови ножички на Ел-Каби, Мароко се пласира во осминафиналето на АФКОН (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Репрезентациите на Мароко и Мали се пласираа во осминафиналето на Африканскиот Куп на нации.

Мароканците славеа со 3-0 против Замбија, како првопласиран тим во групата А со седум бода. Од оваа група понатаму отиде и Мали по ремито без голови со Комори (0-0).

Двоен стрелец за репрезентацијата домаќин беше Ајуб Ел-Каби. Еден од двата го даде со ножички, вторпат на турнирот на репрезентации во Африка. Освен него на натпреварот стрелец беше и Брахим Диаз.

Претходно Египет ремизира со Ангола (0-0) и заврши на првото место во групата. Вториот патник во нокаут фазата од групата Б е Јужна Африка која со 2-3 го совлада Зимбабве.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×