Одлуката на Манчестер јунајтед да се раздели со Рубен Аморим ќе значи нови милиони фрлени во вода, отказот ќе чини околу 12 милиони фунти.
По заминувањето на Сер Алекс Фергусон во пензија, Манчестер јунајтед никако да најде тренер кој ќе го врати клубот на шампионски патеки.
Беа започнати неколку проекти, но сите завршија неуспешно а грешките скапо платени, односно одвоени речиси 70 милиони фунти за откази на Дејвид Мојс, Луј ван Гал, Жозе Мурињо, Оле Гунар Солшер, Ралф Рангник и Ерик тен Хаг.
Промена не донесе ниту Рубен Аморим, па во вода се фрлени нови десетици милион.
Како што пренесува Сакј Спортс, отказот на Португалецот ќе чини околу 12 милиони фунти.
Ако на ова се додаде и сумата од 9 милиони фунти платена на Спортинг како компензација, авантурата на Рубен Аморим ќе биде прилично скапа, а ефектот никаков.