Нови грижи за европскиот првак, освојувачот на „Златна топка“ пак се повреди?

by 24 фудбал
1 минути читање

Осман Дембеле повторно ги загрижи навивачите на ПСЖ откако се пожалил на болка во тетивата за време на натпреварот против Ница.

Француските медиуми пренесоа дека за време на мечот Дембеле му се пожалил на Ашраф Хакими дека има болки во тетивата.

Според „RMC Sport“, најдобриот фудбалер на светот за 2025 година почувствувал болка уште на дуелот со Лориент, поради што Луис Енрике го остави на клупа и го внесе дури во 74. минута против Ница. Иако ПСЖ победи со драматичен гол на Гонсало Рамос во самиот финиш, се верува дека Дембеле повторно ја обновил повредата која веќе го оддалечи од терените еден месец.

ПСЖ нема време за одмор, бидејќи го очекуваат два големи испита. Утре игра со Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за викендот го пречекува Лион во дербито на Лига 1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×