Напаѓачот на Валенсија, Рафа Мир беше уапсен откако две девојки го пријавија за сексуален напад, медиумите откриваат нови детали за тоа што се случило.
Рафа Мир, соиграч на нашиот Столе Димитриевски, е зад решетки од понеделникот, полицијата го уапси навивачот откако две девојки го пријавија за сексуален напад.
Инцидентот се случил во раните утрински часови во неделата, во домот на Рафа Мир во околината на Валенсија.
Како што пренесуваат медиумите, по ремито на „лилјаците“ против Виљареал во саботата, напаѓачот со пријател излегол во ноќен клуб во Валенсија, каде се сретнале со две девојки.
Четворицата потоа продолжиле со забавата во домот на Рафа Мир, а наводниот сексуален напад се случил во базенот.
Еден од соседите на Рафа Мир слушнал чудни звуци и кога излегол да види што се случува, забележал две полуголи девојки кои дезориентирано шетаат низ домот на фудбалерот.
Тој веднаш пријавил во полиција, која за брзо се појавила во домот на Рафа Мир. На полицијата и било кажано дека дошло до расправија помеѓу пријателот на фудбалерот, и една од девојките, никој ништо не спомнал за сексуален напад.
Но подоцна, девојките отишле во болница, а по извршените прегледи, се упатиле да поднесат пријава против Рафа Мир и неговиот пријател.