Медиумите од Шпанија откриваат нови детали за инцидентот во кој таткото на Ламин Јамал беше прободен со нож, весникот Ла Вангвардија открива како му била наместена замка.
Таткото на Ламин Јамал во средата заврши во болница откако беше прободен на паркинг во градот Матаро.
До овој момент, четири лица се приведени и изнесени пред суд со обвинение за обид за убиство, а се говори дека наскоро ќе биде приведено уште едно лице.
Весникот Ла Вангвардија сега открива повеќе детали за инцидентот и како тоа му била наместена замка на таткото на Ламин Јамал.
Откако претходно во денот тој имал недоразбирања со група на луѓе, добил повик и било договорена средба на паркингот на која сите требале да се помират за случувањата од утрото.
Но тие на средбата се појавиле со ножеви, веднаш го опкружиле и почнале да го удират, клоцаат и да го бодат.
„За среќа се појавил пријател на татко ми, во спротивно ќе го убиеле“ – наводно им открил Ламин Јамал на директорите на Барселона по посетата на неговиот татко во болница.