Според
информациите кои пристигнуваат од Италија, се вели дека Милан е блиску до
договор со младиот и талентиран голман, 18 годишниот Џанлуиџи Донарума, околу
потписот на нов договор, актуелниот истекува идното лето.
Доколку им се верува
на најавите на „Скај“, во тој случај Милан е блиску до договор со Донарума, по
најновите преговори помеѓу челниците на клубот и неговиот агент, контроверзниот
Мино Рајола.
Информациите се
оптимистички, барем за навивачите на тимот од Милано, се шпекулира дека во
следниот период Донарума ќе стави потпис на договор со Милан кој ќе го обврзува
на верност до 2022. година.
Дека најавите
имаат големи димензии на реалност, говори и фактот што на крајот од преговорите
имало ракување помеѓу генералниот директор на Милан, Марко Фасоне и Рајола.
Сите детали околу
новиот договор, наводно треба да финишираат до крајот на оваа седмица.
Како што се
шпекулираше изминатиов период, претпоставките се дека истото ќе се оствари,
Донарума ќе добие годишна плата од 6 милиони евра, додатно Милан ќе го ангажира
и неговиот брат Антонио, кој ќе заработува еден милион евра годишно, воедно ќе
биде втора опција за голот на калчолигашот.