Новата сезона во Премиерлигата почна со убедлва победа на Ливерпул и проблеми со ВАР (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Вечерва на Енфилд
се одигра првиот натпревар од новата сезона во Премиерлигата. Повратникот Норич
за добредојде назад прими четири погодока во првите 45 минути.

Резултатот беше
отворен во 7. минута кога Хенли ја затресе сопствената мрежа. Потоа погодија
Салах, Ван Дајк и Ориги за убедлива предност на домаќините на пауза.

Од оваа сезона, ВАР се употребува и во најсилното
првенство на Англија, и уште на стартот имаше проблеми, кои за среќа беа
технички и само на кратко го одложија стартот на вториот дел поради прекин на
комуникацијата помеѓу судиите.

Во продолжението
од мечот, Норич одигра за нијанса подобро, па гостите преку Пуки стигнаа до
почесен гол.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани