309
Атлетик Билбао и Хетафе ги поделија бодовите на отварањето на новата сезона во Ла Лига, Сансет со голазо ги донесе домаќините во предност, Уче погоди за реми.
Атлетик Билбао и Хетафе одиграа 1-1 во премиeрниот натпревар од сезоната 2024/25 во најсилното првенство на Шпанија.
Резултатот беше отворен во 27. минута, Сансет постигна голазо и прекасно погоди од врвот на шеснаесетникот за 1-0.
Но Хетафе успеа да стигне до бод во продолженито од мечот, Уче изедначи на 1-1 во 64. минута.
Домаќините во финишот се обидоа да се вратат во предност, во игра влезе и Нико Вилијамс, беа креирани неколку шанси, но резултатот остана непроменет.