73
Новата сезона во Првата македонска лига започнува во голем стил, со два дерби натпревари.
Сезоната почнува на 13. август, а „најжешко“ ќе биде во Тетово каде Шкендија ќе го пречека Вардар.
Уште во првото коло ќе се сретнат и пелагониските ривали, Победа игра против Пелистер, двата клуба влегуваат со високи амбиции во новата сезона.
Академија Пандев својот прв натпревар како прволигаш ќе го има во Чаир каде ќе му гостува на Шкупи.
Работнички ја пречекува Ренова, а во Кратово играат Силекс и Скопје.
Се игра четирикружен систем во кој ќе има 36 кола.
Прво коло од сезоната 2017/18 во ПМФЛ:
Шкендија – Вардар
Победа – Пелистер
Шкупи – Академија Пандев
Работнички – Ренова
Силекс – Скопје