По доаѓањето на претседателската позиција Масар Омерагиќ зборуваше за доста теми, а се осврна и на оние фудбалери кои повеќе не настапуваат за репрезентацијата.
Главно фокусот беше на екс-капитенот Стефан Ристовски и играчот за врска Аријан Адеми. Бекот се повлече поради недоразбирања со селекторот Милевски, а причина за повлекувањето на Адеми немаше.
„Не само Ристовски и Адеми, во репрезентацијата ќе се обидеме да ги вратиме сите што не играат поради било каква причина. Македонија е мала земја, ние мора да ги користиме сите играчи. Тие двајца се прекрасни личности и фудбалери кои настапуваат во Лигата на шампионите. Мора да разговараме со нив. Со разговор може да се најде решение. Интересот на Македонија и на репрезентацијата е на прво место, а потоа се друго“, изјави Адеми.
Двете ѕвезди на Динамо Загреб се најзвучните отсуства во репрезентацијата на Македонија во последно време. Можеби Адеми не е во најдобар ритам бидејќи се мачи со повреди, ама Ристовски игра во врвна форма и е столб во клубот, па може да биде од огромна помош во националниот тим.