Од Аргентина
пристигнуваат нови трагични вести поврзани со семејството на Емилијано Сала,
утрово починал неговиот татко, Орасио Сала. Ова за медиумите го потврди локален
политичар кој објасни дека се работело за срцев удар.
„2019 продолжува
да ни носи шокантни вести. Утрово во 5 часот, ми се јави неговата партнерка,
беше многу возбудена. Докторите интервенирале, но кога јас пристигнав во
нивниот дом, тој веќе беше починат“ – вели Хулио Милер.
„Тешко го погоди
смртта на Емилијано, не можеше да се помири. За многумина од нас, целата
приказна заврши кога го пронајдоа телото. Но за него не… сите тие стории
дека пилотот ја немал потребната лиценца, расправијата помеѓу клубовите дали
треба да платат или не… За нив агонијата продолжи“.
Емилијано Сала
живтот го загуби пред три месеци кога авионот со кој патуваше од Нант за
Кардиф, каде требаше да почне нова фудбалска авантура, се урна во Англискиот
канал.