Нова спортска авантура на Самсоненко, сопственикот на Вардар стана спонзор на ЦСКА Москва

by
1 минути читање

Бизнисменот од Русија, кој е сопственик на ФК Вардар, РК Вардар и ЖРК Вардар, стана еден од спонзорите на ЦСКА Москва.

Сергерј Самсоненко и неговата обложувалница „Бет Сити“ во следните пет години ќе имаат соработка со еден од најголемите клубови во Русија.

„ЦСКА Москва е најтрофејниот клуб со повеќе од еден век историја, повеќекратен шампион на СССР и Русија“ – вели Сергеј Самсоненко.

„Секако, спонзорство од ваков ранг не е само тактички маркетинг, туку и сериозна инвестиција“.

„Договорот е стратегиски успех за сите страни, Бет Сити ги дели истите цели на ЦСКА и развојот на спортот во Русија“.

„Многу сум задоволен што имаме шанса да соработуваме со клуб од ваков ранг“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани