142
Реал Мадрид го
изостави плејмејкерот Иско за вечерашниот реванш со Барселона на домашен терен
во рамките на полуфиналето од шпанскиот Копа дел Реј, како за потсетување, на
првата пресметка на Камп Ноу немаше победник (1-1).
Односите помеѓу
шефот на стручниот штаб на Кралевите, Сантијаго Солари и Иско од поодамна е
познато дека се разнишани, а шпанскиот репрезентативец нема да земе учество
вечерва на Сантијаго Бернабеу, и покрај тоа што нема никаква повреда.
Иско е голема
желба на Јувентус, се чини дека италијанскиот првак на лето ќе фрли се’ на една карта за да го доведе Шпанецот во
своите редови во летниот преоден рок, барем така претходно извести Скај Спорт
Италија.