Нова сензација на Светското првенство, Јапонија ја победи Германија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По сензацијата која ја направи Саудиска Арабија, денеска се случи ново големо изненадување, Јапонија беше подобра од Германија.

Резултатот го отвори Гундоган од пенал во 33. минута откако беше досудена најстрога казна по фаул на голманот Гонда над Раум.

Во судиското продолжение гол даде и Хаверц, но погодокот му беше поништен поради офсајд.

Резултатот од 1-0 беше актуелен до 75. минута кога Доан го изедначи резултатот на 1-1. Начека една одбиена топка од Нојер и ја смести во неговата мрежа.

Осум минути подоцна прекрасен продор на Асано од десната страна и шут под пречката на Нојер за комплетен пресврт и водство на Јапонија од 2-1, кое беше и конечен резултат.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани