Нова победа за Мексико, овој пат падна Јужна Кореја (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Мексико има старт од соништата на Светското првенство, во првото коло го шокираа актуелниот шампион, а денеска ја оправдаа фаворитската улога против Јужна Кореја.

Јужна Кореја прва се закани, Сеон Мин Мун биеше со глава но голманот на Мексико со убава интервенција одбрани.

Во 24. минута пенал за Мексико, Хјун Со Јанг играше со рака во својот шеснаесетник, судијата покажа на белата точка а сигурен реализатор беше Карлос Вела за водство од 1-0.

Во продолжение Мексико атакуваше на трет погодок и имаше три шанса за гол пред тој да го постигне. Во 66. минута Чичарито убаво помина еден дефанзивец на Јужна Кореја и реализираше за 2-0.

До крајот на мечот Јужна Кореја дури во судиското продолжение постигнаа гол, Сон постигна прекрасен гол од далечина за конечни 2-1.

Со овој резултат Мексико е блиску до осминафиналето, но се уште нема обезбедено пласман, Јужна Кореја иако има нула бодови, се уште официјално не е елиминирана, и они имаат теоретски шанси.

Појасно ќе биде после вечерашниот дуел меѓу Германија и Шведска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани