Антонио Касано
очекува Лаутаро Мартинез да биде идеален наследник на Мауро Икарди во нападот
на Интер, за Икарди вели дека не нуди ништо во играта на Нероаѕурите ако не
постигне гол.
Мартинез го
замени Икарди во нападот на Интер додека тој отсуствуваше на клупските обврски
за Нероаѕурите од 13 февруари кога му беше одземена капитентската лента, се
врати со гол од пенал.
Клубот од Милано
за момент го реши проблемот со Икарди, а Касано верува дека враќањето на Икарди
не е ништо значајно за тимот.
„Интер игра во
формација 4-2-3-1, што значи дека имаат опција само за еден напаѓач, Икарди не
може да игра со Лаутаро“ рече секогаш контроверзниот Касано кој од поодамна е
во војна со Икарди и неговата сопруга и агент, Ванда Нара.
„Доколку тоа
зависеше од Спалети, тој би го играл Мартинез бидејќи тој преферира напаѓачи
кои играат за тимот“ додаде тој.
„Лаутаро заврши
голема работа досега, тој има само 20 години и станува збор за подобар напаѓач
од Икарди, кој само постигнува голови и тоа е тоа, доколку не постигне гол, друго
ништо не нуди на теренот“ вели Касано кој го спореди Икарди со Инзаги, а ја
издвои и причината за тоа.
„Спалети
преферира напаѓачи како Џеко, Бензема и Левандовски, Икарди е како Инзаги,
доколку не постигне гол, тој не прави ништо друго, постојат играчи кои
постигнуваат голови и играчи кои постигнуваат голови и истовремено играат за
тимот“ заклучи Касано.