163
Фудбалските
љубители изминативе години имале прилика да уживаат во мајсториите на фудбалските ѕвезди и нивните актрактивни обиди да погодат од зад голот.
Елиф Елмас покажа
дека може да се носи рамо до рамо со нив, и минатиот месец од тренингот на
Наполи се пофали со својата мајсторија.
Тој денеска
изведе нова фудбалска магија и покажа што умее на арената „Тодор
Проески“.На тренингот на репрезентацијата на Македонија, тој ја постави
топката далеку зад голот и од многу тешка позиција успеа да ја затресе мрежата.