Нова маестрална партија на Меси за нова победа на Барселона (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Уште една ноќ во која Меси ја покажа својата класа, Бетис немаше решение за Аргентинецот кој даде три од четирите гола на Барса.

Серијата ја започна во 18. минута со фантастичен гол од слободен удар. 

Во судиското продолжение од првиот дел прекрасна асистенција на Суарез и нов гол за Меси, за водство на Барселона од 2-0.

Во 63. минута Суарез со одличен соло продор по кој фрли на земја неколку дефанзивци на Бетис, даде гол за 3-0.

На десет минути до крајот Бетис преку Лорен го намали резултатот на 3-1. А само три минути подоцна нов маестрален гол на Меси за конечен резултат од 4-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×