191
Португалскиот фудбал неодамна ги загуби браќата Жота, а сега доаѓа информација за смрт на уште еден фудбалер од оваа земја.
Станува збор за голманот Џеферсон Мерли кој бранеше за тимот на ГД Калделас. Тој се удавил во реката Хомен во националниот парк Пенаде-Гереш за време на одморот.
Португалските медиуми пренесуваат дека 27-годишниот голман во моментите на несреќата пливал заедно со својата девојка.
Итните служби брзо реагирале, се вклучиле во потрага по неговото тело, тоа било пронајдено по три часа без знаци на живот.
Со својот клуб кој се натпреварува во четвртата лига пред само еден месец стави потпис на нов договор. Несреќата се случила во саботата околу 18 часот.