Се проширува бунтот во репрезентацијата на Белгија, Кевин Де Брајне и Ромелу Лукаку решиле да одат по стапките на Тибо Куртоа и да не играат за националниот тим.
Откако Доменико Тедеско седна на клупата на Белгија, многу контроверзии ги следат популарните „црвени-ѓаволи“.
Тибо Куртоа се повлече од репрезентацијата поради недоразбирања со селекторот, а последните информации велат дека ваков чекор повлекле уште две ѕвезди.
Неколку извори пренесуваат дека Кевин Де Брајне и Ромелу Лукаку ги исвестиле надлежните дека нема да бидат дел од националниот тим за натпреварите против Италија и Франција во Лигата на нации овој месец.
Тие исто така порачале дека ова не е дефинитивно збогување од репрезентацијата, и понатаму сонуваат за настап на Светското првенство во 2026.
Сепак, ова е доволен показател дека двајцата имаат некаков проблем со селекторот Доменико Тедеско.