Екипата на Лугано се избори за победа од 3-2 во дуелот со Сент Гален на домашен терен, со тоа што стигна до нови, исклучително важни три бодови во битката за излез во Европа.
Најзаслужен за триумфот на Лугано беше токму македонскиот репрезентативец Егзјан Алиоски кој асистираше во два од вкупно трите погодоци на својот тим.
По голот на Мариани за почетно водство од 1-0 во 27. минута, четири минути потоа Алиоски доби употреблива топка, излезе сам во чиста ситуација, но противничкиот голман ја прочита неговата намера и ја расчисти опасноста од својот гол, но за кратко, следеше асистенција на Алиоски по која Чрнигој биеше со волеј силно во мрежата од голот за дуплирање на водството.
Гостите со два гола во серија израмнија на 2-2, но потоа повторно на сцена настапи нашиот репрезентативец кој упати фантастична асистенција за Мариани во 70. минута со што се поставија конечните 3-2 на мечот во Лугано.
Алиоски ги одигра сите 90 минути на овој натпревар.
Со оваа победа Лугано на три кола до крајот на швајцарскиот шампионат се наоѓа на четвртото место на табелата, со четири бода предност но и меч повеќе во однос на Луцерн.
На третото место се наоѓа Сион со натпревар помалку но и бод предност пред Лугано. Токму овие три екипи се борат за третото и четврото место кое води во квалификациите за Лига Европа.
Нашиот репрезентативец со 16 погодоци е втор стрелец во „Супер лигата“, два помалку од французинот од редовите на Јанг Бојс, Гијем Оаро.