Нов срамен пораз на Интер, и Сасуоло го собра целиот плен од Џузепе Меаца (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Интер на последните осум натпревари има шест порази и две нерешени средби, тимот за победа не знае уште од 12. март кога со 7-1 ја совладаа Аталанта.

Раководството на клубот го отпушти тренерот Пиоли, но навивачите не веруваат дека тој е проблемот во тимот, што се покажа и на денешниот меч против Сасуоло.

Со два гола на Имељо, Сасуоло имаше водство и од 2-0, Едер на 20 минути до крајот постигна само почесен погодок за Интер.

Поради црната серија, дел од италијанската јавност се сомнева дека Интер намерно игра лошо со цел да ги избегне позициите кои водат во Лига Европа, натпреварување во кое не сакаат да учествуваат.

Ултрас навивачите на Интер имаа свое шоу во првото полувреме со кое го искажаа незадоволството и го напуштија натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани