Нов скандал во макфудбалот, ФФМ добил пријава за местенка на натпреварот Работнички-Охрид

by bojan
1 минути читање

Вчерашниот пријателски натпревар помеѓу Работнички и Охрид е под лупа, до ФФМ пристигнала пријава за можна местенка откако биле уплатена повисока сума на пари, нетипчно за меч од ваков калибар.

Изминативе месеци имаше неколку спорни мечеви во макфудбалот и гласини за местенки, но клубовите како да не ја научија лекцијата па сега повторно се пишува за нов скандал.

Спорен е синоќешниот пријателски натпревар помеѓу Работнички и Охрид, на кој паднаа дури десет гола, „романтичарите“ славеа со 8-2.

Во ФФМ веднаш пристигнало пријава со оглед на тоа дека во обложувалниците била уплатена повисоки сума на пара, нетипично за меч од ваков калибар.

Од таборот на Работнилки се огласија по шпекулациите и порачаа дека тие секогаш се залагаат за фер-плеј и негување на вистинските спортски вредности.

„Фудбалскиот клуб Работнички како клуб со интегритет и традиција апсолутно секогаш е во заложба за максимално спортска и витешка игра на фудбалските терени,  и ќе продолжи да го прави тоа чесно и со единствена намера за почитување на фер-плеј и негување на вистинските спортски вредности“ – се вели во соопштението на „романтичарите“.

„Клубот ја информира јавноста дека на било каков начин не е вклучен во инсинуациите и можните обиди за задкулисни игри околу резултатот на пријателскиот натпревар против Охрид Лихнидос“

„ФК Работнички има единствена цел што е можно подобро да го подготви тимот за вториот дел од сезоната и во таа насока и со чисто спортски намери го одигра натпреварот“.

„Клубот секогаш ќе вложува максимални напори за чист фудбал и за респект кон противниците и кон натпреварувањето и во таа насока апсолутно стоиме на располагање на Фудбалската федерација на Македонија за било каква помош и соработка“.

ФОТО: fb/ГФК Охрид Лихнидос

Можно е и ова да ти се допаѓа

×