Нов скандал во Африка, на Гана и поништија чист гол, „Црните ѕвезди“ доставија протест до ФИФА (ВИДЕО)

by
2 минути читање

По контроверзните
судиски одлуги на средбата помеѓу Јужна Африка и Сенегал минатата година,
поради кои ФИАФ донесе одлука да се преигра натпреварот, „Црниот континент“
сега го тресе нов скандал.

На вчерашниот
дуел помеѓу Уганда и Гана, на гостите им беше поништен чист гол поради офсајд длабоко во
судиското надополнување.

Двамена погоди во
94. минута за 0-1, но помошникот го крена знаменцето, и покрај тоа што
гостинскиот играч на беше во недозволена ситуација.

Фудбалската
федерација на Гана соопшти дека веднаш по крајот на натпреварот е достаен
протест до ФИФА и побарале средбата да се преигра.

Останува да се
види како светската куќа на фудбалот ќе реагира по новиот голем превид со оглед
на тоа дека по ремито од 0-0, „Црните ѕвезди“ практично се збогуваа со
мундијалот во Русија.

Египет е прв во
групата со 9 бода, Уганда има 8 а Гана 6, но „Фараоните“ имаат и натпревар
помалку, вечерва на домашен терен против Конго можат да го чекираат билетот за
СП 2018.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани