168
Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Аксел Туанзебе, поднесе тужба против својот поранешен клуб, барајќи обештетување во износ од еден милион евра поради, како што тврди, лекарски пропусти кои довеле до сериозни повреди на грбот и загрозување на неговата кариера.
Фудбалерот на Барнли смета дека проблемот можел да биде навреме решен доколку Јунајтед му овозможел подолг период за опоравување и правилна рехабилитација.
Туанзебе е продукт на младинската академија на „црвените ѓаволи“, а за првиот тим дебитираше во 2017 година, настапувајќи на вкупно 37 натпревари.