Нов пораз за Работнички во Анталија

by
1 минути читање

По поразот од
азербејџанскиот прволигаш Кабала со 1-2, тимот на Работнички овој пат загуби и
од Кешла, исто, прволигаш од Азербејџан (поранешен Интер Баку) минимално со 0-1, а голот беше постигнат во првото
полувреме од средбата.

Имаа Романтичарите свои шанси на контролката но не ги искористија. Само една минута по водството на Кешла, Гофри не искористи прилика да израмни, а во вториот дел од мечот прилика за израмнување имаше и Станковски.

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Крмар, Садики, Красниќи, Асани,
Херера, Трајчевски, Велинов, Маркоски, Серџо јуниор, Гофри. Уште играа: Јанков,
Митрев, Најдовски, Дурански, Стјепановиќ, Шаркоски, Миовски, Станковски,
Лазаров, Петковски.

 

Фото:
fkrabotnicki.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

×