Нов пораз во квалификациите, ремек делото на Стефан Ристовски недоволно за изненадување против Шпанија (ВИДЕО)

by
4 минути читање

Македонија запиша
нов пораз во квалификациите за Мундијалот идната година, загуби со 1-2 од
силната и моќна Шпанија која не ни дозволи да направиме изненадување на
вечерашната пресметка, Стефан Ристовски со одличниот гол за момент навести
радост, но до тоа не дојде.

Избраниците на
Игор Ангеловски делуваа импресионирано од противникот по првите 45 минути игра,
гостите целосно ја искористија конфузијата и дојде до предност од два гола по
првиот дел од мечот во Скопје.

Најнапред Силва
погоди за 0-1 во 15. Минута, за веќе во 27. Минута Коста да зголеми и на 0-2.

Нашите фудбалери
целосно беа надиграни од Шпанците, беа тоа разочарувачки 45 минути игра на „Телеком
арената“ во Скопје која не се наполни до последното место. Македонските
репрезентативци во првиот дел беа длабоко набиени во својата половина и делуваа
целосно немоќно па со само еден упатен удар кон противничкиот гол не можеа
ништо да сторат на резултатски план.

Ангеловски
стартуваше со дебитантот во почетните единаесеттмина, Тошевски на десната
бековска позиција, тоа го пресели С. Ристовски нешто поофанзивно, но на почетокот
на вториот дел му даде прилика за настап на младиот Елмаз кој влезе на местото
на Стјепановиќ.

Впечатокот е дека
голем хендикеп имавме со неиграњето на Хасани, за кого првичните информации
велат дека се здобил со повреда во пресрет на вечерашниот натпревар, но
влегувањето на Елмаз на почетокот од вториот дел внесе голема свежина во нашата
игра, особено на средината од теренот каде гостите беа целосно надмоќни.

Дека нашата игра
доби на свежина по влегувањето на Елмаз говори и фактот што Македонија заигра
подобро, па така дојде и голот за намалување на 1-2, преку Стефан Ристовски од
полуконтра, Де Геа беше немоќен во оваа ситуација.

Македонија на
моменти парираше во продолжението, но резултатот остана непроменет, Шпанија си
замина од Скопје со победа од 1-2, која реално е сосема заслужена.

Македонија: Димитриевски, Тошевски (Трајковски 63’), Ристевски, Мојсов (Тричковски 85’), Шиков, Алиоски,
Пандев, Ристовски, Стјепановиќ (Елмаз
46
), Спировски и
Несторовски.

Шпанија: Де Геа, Пике, Бускетс, Иниеста (Саул 90), Алкантара (Коке 74’), Рамос, Алба, Коста, Карвахал,
Силва (Педро 68’) и Иско.

Шпанија е веќе
зад нас, следен предизвик за нашите сениори е дуелот со Израел на гостински
терен предвиден да се одигра на 9. септември. Шпанија истиот ден во Мадрид ја
пречекува Италија во битката за првата позиција во нашата квалификациска група,
односно директен пласман на Мундијалот во Русија идната година.

Главен арбитар на
мечот во Скопје беше Павел Гил од Полска.

Резултати, група
„Г“, шесто коло
:

Македонија –
Шпанија
1:2

Италија –
Лихтенштајн
 5:0

Израел – Албанија
0
:3

Табела:

1. Шпанија 16

2. Италија 16

3. Израел 9

4. Албанија 9

5. Македонија 3

6. Лихтенштајн 0<


Ристе Ѓорѓиевски

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани