Нов пораз на Реал Мадрид, овој пат Кејн му пресуди на „кралот“ (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Зидан никако да ги склопи коцките во подготвителните натпревари и Реал Мадрид да одигра на високо ниво и да дојде до триумф.

Денеска загубија од Тотнем со 1-0, а доколку не беше Кејлор Навас поразот можеше да биде и поголем. Реал Мадрид имаше свои шанси, се играше почесто на половината на англискиот тим, но Спарси беа опасни од контри.

Клучниот момент се случи во 22. минута кога Марсело од аут му подари една топка на Хари Кејн а тој го искористи тоа и му донесе победа на Тотнем од 1-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×