Нов пех за Бремер, настрада коленото поради кое паузираше девет месеци

by bojan
1 минути читање

Јувентус потврди дека Глеисон Бремер заработил повреда на менискусот на левото колено, дефанзивецот ќе биде опериран и се очекува да паузира помеѓу четири и шест недели.

Нов пех за Глеисон Бремер, Бразилецот има мака со коленото на левата нога.

Поради скинати предни вкрстени лигаменти, тој паузираше девет месеци и го пропушти најголемиот дел од минатата сезона.

Дефанзивецот сега ќе мора да оди под нож за да го коригира менискусот и се очекува да паузира најмалку еден месец, а можеби и месец ипол, доколку лекарскиот тим реши да не ризикува ништо.

Се очекува тој на терените да се врати по паузата за репрезентативен настап во ноември месец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×