488
Дефанзивецот на Челси, Весли Фофана доживеа нов пех.
Францускиот стопер доживеа нова повреда поради која ја заврши сезоната. Фофана заработи повреда на бутниот мускул поради која мораше дури и на операција.
Паузата по овој зафат ќе биде најмалку три месеци, па дефанзивецот нема да заигра пак оваа сезона.
24-годишникот сезонава одигра само 14 натпревари. Претходната сезона Фофана ја пропушти поради скинати лигаменти и од доаѓањето во Челси има голем пад во кариерата.