Нов контроверзен гест на Винисиус, дали Бразилецот требаше да биде исклучен? (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Винисиус

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус имаше контроверзен гест на натпреварот со Алавес и иронично се потсмеваше кон четвртиот судија кога виде колку долго ќе биде продолжението.

„Кралевите“ имаа проблем со дисциплината во последно време, на последните два натпревари добија 8 жолти картони, од кои дури 6 беа за приговори и протести.

Најголем бунтовник ова сезона е Винисиус Жуниор, кој доби три жолти картони поради претерани реакции, повеќеод било кој друг фудбалер во Ла Лига.

Бразилецот и вчера против Алавес влезе во бележникот на судијата против приговор, но има среќа што не беше исклучен.

Во финишот од натреварот, кога на Реал Мадрид му висеше победата по двата брзи гола на Алавес , Винисиус Жуниор беше повлечен од игра, и кога се упати кон клупата, четвртиот судија покажа дека ќе се игра 6 минути продолжение.

Напаѓачот направи контроверзен гест, почна иронично да се потсмева со четвртиот судија и да се расправа. Многумина сметаат дека ваквото однесување е недолично, на Винисиус Жуниор требал да ми биде покажан нов жолт картон и да биде исклучен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани