Нов клуб стара желба, Анчелоти го идентификувал првото засилување за Евертон

by
1 минути читање

Карло Анчлеоти соработуваше со Колумбиецот во Реал Мадрид и Баерн Минхен, добро ги познава неговите квалитети, па минатото лето изрази желба да го донесе во Наполи.

Клубот од Сан Паоло не успеа да најде заеднички јазик со „кралевите“, па Хамес Родригез остана на Сантијаго Бернабеу, каде сепак не добива голема минутажа и често има шпекулации за неговата иднина.

Сега откако Италијанецот седна на кормилото на Гудисон Парк, се појавија гласини за обновување на интересот. Ел Десмарке пишува дека Карло Анчелоти од раководството на Евертон побарал Хамес Родригез да биде донесен во јануари како прво засилување.

Се говори дека „карамелите“ се подготвени да му ја исполнат желбата и да одвојат 50 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×