Нов кикс на Сити, само реми против Брајтон, уште полошо помина Челси!

by riste
2 минути читање

Манчестер Сити загуби нови два бода во трката по шампионската титула откако одигра само 1-1 против Брајтон на домашен терен, Челси доживеа пораз кај Фулам од 2-1, сините најголемиот дел од мечот го играа со десет фудбалери.

Тимот на Пеп Гвардиола доживеа уште еден удар во трката по титулата. Важеше за голем фаворит против Брајтон, но освои само бод.

Сити поведе со гол на Халанд од пенал пред крајот на на првото полувреме. Тогаш се чинеше дека нема да имаат проблеми за да дојдат до победата, но не беше така.

По 15 минути игра во вториот дел Митома даде гол за израмнување на 1-1, што беше и конечен резултат.

Новиот тренер на Челси, Росениор од трибините го гледаше поразот на својот нов тим кој со 2-1 загуби на Кревин Котиџ од Фулам. Тој по денешниот меч ќе го преземе тимот.

Челси добро тргна во мечот, но во 22. минута се случи моментот кој промени се. Кукуреља доби директен црвен картон откако направи фаул како последен играч во одбраната. Гостите останаа со десет фудбалери.

Фулам дојде во водство во 55. минута со гол на Раул Хименез, а изедначи Делап во 72. минута. По израмнувањето се зголемија апетитите на Челси и за победа, но тешко беше да се игра толку долго со играч помалку.

Во 81. минута Вилсон даде гол за победа на Фулам од 2-1.

Астон Вила одигра без голови на гостувањето кај Кристал Палас, Брентфорд со 3-0 беше подобар од Сандерленд, Евертон и Вулвс ремизираа 1-1, а Борнмут со гол во последните минути дојде до победа над Тотнем од 3-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×