Нов кикс на Манчестер јунајтед во Премиерлигата, пораз од Борнмут (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ново разочарување за навивачите на Манчестер јунајтед, четврти загубен меч во лигата оваа сезона.

Манчестер јунајтед имаше повеќе од играта, се обидуваше да дојде до гол, но Борнмут знаеше како да ги затвори сите приоди кон својот голман.

Со гол на Кинг во 45. минута Борнмут поведе со 1-0, на крајот тоа беше и конечниот резултат.

До крајот тимот на Солшер со сите силе бркаше изедначување, но не успеа да ја пробие цврстата одбрана на противникот кој блокираше повеќе удари на гостите.

По 11 одиграни натпревари во Премиерлигата оваа сезона Манчестер јунајтед има само три победи, четири порази и четири нерешени средби. Во моментов е на осмото место, но по крајот на колото сигурно ќе падне за уште неколку позиции надолу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×