Челси одигра 2-2 на Стемфорд Бриџ против Борнмут, Њукасл со 3-1 славеше на гостувањето кај Барнли.
Челси влезе како сериозен фаворит во дуелот со Борнмут, но не го доби натпреварот. Сите четири гола беа постигнати во првото полувреме.
Брукс уште во шестата минута донесе водство за гостите од 1-0, но следуваше пресврт. Палмер во 15. минута изедначи од пенал, а осум минути подоцна Енцо Фернандез даде гол за водство на Челси од 2-1.
Сепак кратко траеше предноста на сините, бидејќи Клајверт во 27. минута ги постави конечните 2-2.
Со резултат 2-2 заврши и мечот меѓу Вест Хем и Брајтон. Боуен и Пакета погодија за домаќините, Велбек и Велтман беа стрелци за гостите.
Њукасл со 3-1 победи на гостувањето кај Барнли. По седум минути игра гостите веќе имаа предност од 2-0 со головите на Жоелинтон во втората минута и Виса пет минути подоцна.
Барнли брзо се врати во мечот, Лорен даде гол во 23. минута, но тоа беше се што направија. Конечните 3-1 за Њукасл ги постави Бруно Гимараеш во судиското продолжение.
Евертон со голови на Гарнер во првото и Бери во второто полувреме дојде до гостинска победа од 2-0 кај Нотингем форест.