Нов кикс и нови повреди за Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед доживеа голем удар во трката за место кое води во Лигата на шампионите, откако на свој терен одигра 1-1 против Свонси.

Свонси одлично го почна мечот, со притисок на голот на Де Геа, но бранот беше одбиен. Проблемите за Јунајтед почнаа уште во деветата минута кога Лук Шо се повреди и беше изваден од игра.

Пред самиот крај на првото полувреме, Вејн Руни донесе водство за Јунајтед од пенал, кој претходно го одглуми Рашфорд. Една од најлошите глуми оваа сезона.

По 15 минути игра во второто полувреме се повреди и Баи, па Мурињо играше со Дармијан и Блинд како централни дефанзивци.

Во 79. минута, Сигурдсон постигна прекрасен гол од слободен удар и го изедначи резултатот на 1-1.

До крајот на мечот Манчестер јунајтед залудно се обидуваше да дојде до ново водство, не создаде вистински прилики за гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани