Нов гол на Роналдо, ЦР7 против Интер може до постигнување какво што нема никој во историјата на Серија А! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

ЦР7 не запира,
Португалецот игра во страшна голгетерска форма и денеска ја затресе мрежата на
СПАЛ. На асистенција на Квадрадо, Кристијано Роналдо донесе водство од 0-1 и на
својот 1.000-ти натпревар во професионалната кариера, изедначи рекорд на
Габриел Батистута и Фабио Кваљарела.

Напаѓачот стана
само третиот играч кој успеал на 11 натпревари во низа во Серија А да постигне
погодок. Батистута имаше ваква серија во сезоната 1994/95, додека пак Кваљарела
минатата сезона играше во страшна форма од октомври 2018 до јануари 2019.

Кристијано
Роналдо сега може да испише историја и да стане првиот кој ја тресел
противничката мрежа на 12 натпревари доколку следното коло погоди на дербито со
големиот ривал Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×