Нов гол на Елмас во Серија А за нова победа на Торино (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас игра во одлична форма откако потпиша за Торино, тој постигна нов гол во Серија, овојпат во победа на неговиот тим на гостувањето кај Монца од 2-0.

Елиф Елмас беше еден од најдобрите играчи на теренот, а таквата игра ја круниса со гол во 41. минута за водство на Торино од 1-0.

Ова беше втор гол на Елмас откако се врати во Серија А.

Елмас од игра излезе во 90. минута од натпреварот.

Победата за Торино ја запечати Касадеи во 66. минута од натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани