Како што пренесува Скај Спортс, Нотингем Форест е подготвен да плати 60 милиони фунти за ангажман на Матеус Куња од Вулверхемптон.
Нотингем Форест е најпријатното изненадување во Премиерлигата оваа сезона, се наоѓа на делба на втората позиција на табелата со шест бода помалку од лидерот Ливерпул.
Клубот од Сити Граунд сака да остане при врвот и во продолжението од сезоната, па планира да реализира трансфер бомба до крајот на овој месец.
Како што пренесува Скај Спортс, Нотингем Форест е подготвен да плати 60 милиони фунти за ангажман на Матеус Куња.
За услугите на напаѓачот интерес пројавуваат уште Арсенал, Челси, Манчестер јунајтед, Тотнем и Њукасл, но Нотингем Форест е убеден дека може да ја победи оваа жестока конкуренција и да стигне до потписот на Бразилецот.