Голем број на извори од „островото“ пренесуваат дека Нотингем Форест го одбрал новиот тренер и наскоро ќе го промовираат Витор Переира.
Популарните „шумари“ оваа сезона веќе избркаа тројца тренери, последната жртва беше Шон Дајч, кој „доби клоца“ по синоќешното реми против Вулверхемптон.
Очигледно Нотингем Форест нема да троши многу време во изборот на нов тренер, голем број извори попладнево пренесоа дека паднал договор на жешкото столче да седне Витор Переира.
Стратегот од Португалија минатата сезона успеа да го спаси Вулверхемптон од испаѓање и како награда доби нов тригодишен договор на средината од септември.
Но само два месеци подоцна, тој доби отказ од „волците“ поради слабите резултати и освоените само два бода.
ФОТО: X/Wolves