Нотингем Форест е последен четвртфиналист во ФА Купот (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Нотингем Форест е последен учесник на четвртфиналето во ФА Купот, откако на својот „Сити Граунд“ го победи Ипсвич Таун со 5-4 во пенал серијата, а по продолженијата резултатот беше 1-1.

Гостинската екипа прва успеа да стигне до гол во 53. минута преку Хрст. Сепак, се вратија „шумарите“ преку Рајан Јејтс до егал, а потоа беа и подобар тим во продолжението.

Откако Ипсвич успеа да се одбрани, се влезе во пенал серијата. Сите изведувачи освен Џек Тејлор ги реализираа своите удари, а во последната серија голманот Селс одбрани за победа.

Во четвртфиналето Нотингем оди на мегдан со Брајтон на „Амекс“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×