Оле Гунар
Солскјер тргна добро на клупата на Манчестер јунајтед каде го наследи Жозе
Мурињо на таа позиција, но, во последниов период неговиот состав не игра на
посакуваното ниво, па така тој доживува за прв пат притисок од повисок степен.
Сумирано во сите конкуренции,
на последните шест меча Црвените ѓаволи забележаа пет порази, а само еден
триумф, или во Премиерлигата, четири порази во последните шест натпревари, алармот на Олд Трафорд за промени секако е вклучен,
но сигурно тој ќе се однесува на составот за идната сезона, а не на Солскјер.
Како и да е, една
интересна реакција бележиме на „ТВ Спортен“, норвешката телевизија која го
истрола Солскјер за ситуацијата во која тој се наоѓа во моментов…
class="twitter-tweet" data-lang="en">
По убедливиот
пораз на гости кај Евертон со 4-0, Манчестер јунајтед викендов нема право на
грешка против директниот ривал во битката за топ четири во Премиерлигата,
против Челси на домашен терен Солскјер и неговите избраници мораат да атакуваат
на триумф ако посакуваат да ги реализираат своите амбиции.