Нормално дека ќе добие свирежи од цел Бернабеу, Бејл промаши од три метри! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

За летоска се
најавува голема реконструкција во Реал, „кралевите“ се посочуваат со голем број
на играчи, особено во офанзивата. Герет Бејл е еден од играчите на кои им виси
местото во тимот па тој до крајот на сезоната ќе треба да покаже дека заслужува
да остане.

Сепак, првата
шанса против Уеска тој не ја искористи. Против последнопласираниот тим на табелата, Герет Бејл не успеа да се
наметне и да покаже дека е играч на кој Зинедин Зидан може да смета.

Велшанецот доби свирежи од трибините, а фановите имаа причина за
ова. На средината од вториот дел, при резултат 2-1, Герет Бејл можеше да донесе
мирна завршница но не го искористи додавањето на Одриозола и промаши од три
метри.

Кратко по оваа
голема „утка“, гостите изедначија на 2-2, па Бензема со мајсторски гол во
финишот не дозволи нова бламажа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×