Норич преку пенали го исфрли Тотнем од ФА Купот, Лестер и Сити одат во четвртфинале (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тотнем одигра уште еден лош натпревар и заслужено доживеа елиминација од ФА Купот.

Натпреварот почна добро за лондонскиот клуб, во 13. минута Вертонген постигна гол за водство од 1-0. Играта на Тотнем во првиот дел беше добра, мечот го имаа под контрола.

Но работите се променија во вториот дел, Норич се почесто напаѓаше а таквата нивна игра вроди со плод во 78. минута кога Дрмиќ постигна гол за изедначување на 1-1.

Немаше други погодоци во регуларниот тек, а мрежите мируваа и во двете продолженија од по 15 минути, па пеналите го решаваа победникот.

И пенал серијата почна добро за Тотнем, Дајер даде гол, а Ворм го одбрани ударот на Меклин, но потоа следеа промашувања.

Ламела биеше во пречката, а Крул ги одбрани ударите на Перот и Фернандеш по што славјето на Норич можеше да почне.

Манчестер Сити со гол на Агуеро во 53. минута победи на гостувањето кај Шефилд Венздеј.

Переира постигна гол за Лестер против Бирмингем кој значеше победа за пласман во четвртфиналето од ФА Купот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×