Ноќ со многу емоции во Венецуела: Чапекоенсе дебитираше со победа во Копа Либертадорес (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Чапекоенсе со 2-1 победи на гостувањето во Венецуела кај тимот на Зулиа, во својот деби натпревар во Копа Либертадорес

Головите беа прославувани во чест на трагично загинатите фудбалери во авионската несреќа.

Само шест од 77 патници во авионот кој патуваше до Колумбија ја преживеаа трагедијата која се случи во ноември, од оние кои успеаа да се спасат тројца беа играчи на Чапекоенсе. Голманот Џексон Фолман, дефанзивецот Нето и крилото Рушел.

Вкупно 19 фудбалери и други 24 членови на клубот загинаа во авионската несреќа на пат кон Меделин.

На синоќешниот емоционален натпревар во Венеција, во составот беа Нето и Рушел, но не влегоа во игра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани