Ноќ на остварување детски соништа во Романија, деби за 14 годишно момче и тинејџер кој бил прегазен од камион и останал без рака

by
2 минути читање

Нема ништо
поубаво од тоа да се остварат детските сонови, а токму тоа се случи вчера и
завчера на натпреварите од Купот на Романија

14 годишниот
Јанис Стоика постави историски рекорд откако со 14 години дебитираше за Стеауа.
За ноќта да биде уште поспектуларна, тој дури и се запиша во листата на
стлреците и сигурно цел живот ќе го памети овој натпревар.


Но уште поемотивна
е приказната на 18 годишниот Космин Ламбру. Тој на 8 години имал тешка
сообраќајна незгодна, бил прегазен од камион и лекарите морале да му ја
ампутираат левата рака и да му стават вештачка.

„Си одев накај
дома кога камионот излизга од патот и одеше право во мене. Знав дека сум мртов ме удри па се обидов да се фрлам под него. Се разбудив во
болница со ужасна болка во десната рака“
– открива Ламбру.

Тој сепак не се
откажал од сонот да стане фудбалер и една декада подоцна дебитираше за Петролул
Плоиешти и беше награден за борениот дух и тоа што никогаш не се откажал.

„Кога за прв пат
му се вратив на фудбалот, требаше да научам како да паѓам на вештачката рака.
Не беше лесно, но никогаш не сум се жалел и нема да се жалам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани