Италијанецот во
февруари доби отказ од Лестер, стравот од испаѓање беше поголем од заслугата за
историската титула во Премиерлигата, па „Лисиците“ се разделија со стратегот
кој им го донесе најголемиот успех.
Крег Шекспир ја доби задачата да го врати тимот на прав пат, и тој успеа да обезбеди опстанок во елитата, но овој месец и
тој доби „клоца“ по серијата слаби резултати.
Клод Пуел го
превзеде кормилото, но Кориере дело Спорт сега открива дека Лестер му понудил
на Клаудио Раниери да се врати на Кинг Пауер Стадионот.
Човек близок до
лидерите на клубот стапил во контакт со стратегот и му го понудил испразнетото
менаџерско столче.
Сепак, Италијанецот
на културен начин одоговорил: „Ви благодарам но НЕ (No,
grazie)“.