Фудбалерите на Фиорентина беа на чекор до победа над Милан, но во самата завршница останаа без цел плен, откако „росонерите“ со гол во последните моменти се спасија од пораз (1-1)
Во првите 45 минути немаше погодоци, а најмногу внимание привлече тензијата покрај аут-линијата. Тренерот на „виолетовите“, Паоло Ваноли, бурно реагираше на една од судиските одлуки, по што беше исклучен и продолжи да го следи натпреварот од трибините.
Ниту второто полувреме не донесе поатрактивен фудбал, шансите беа ретки и на двете страни. Сепак, Фиорентина успеа да искористи една од нив во 66. минута, кога Комузо го совлада голманот на Милан и донесе водство за домашниот тим.
Кога се чинеше дека трите бода ќе останат во Фиренца, Милан во 90. минута најде начин да се спаси. Нкунку со силен удар го матираше Де Геа и му донесе бод на својот тим, поставувајќи ги конечните 1-1.
Christopher Nkunku scores at 90'
— Goals Xtra (@GoalsXtra) January 11, 2026
🇮🇹 Fiorentina 1-1 Milanpic.twitter.com/n0VfgAy9RY