Ниту во Наполи ниту во Атлетико Мадрид, Хамес Родригез следната сезона ќе игра во Реал Мадрид?!

by
1 минути читање

По две години на
позајмица во Баерн Минхен, Хамес Родригез ова лето се врати на Барнабеу, но се
веруваше дека тој брзо ќе замине и ќе биде продаден за да се финансираат
новите засилувања и реконстукцијата на тимот.

Наполи и Атлетико
Мадрид прават сериозни напори да го ангажираат Колумбиецот, но последните
информации велат дека двата клуба ќе извисат.

Според новинарот
Хосеп Педрерол, кој е презентер во емисијата „Ел Чирингито“, Реал Мадрид решил
да го задржи Хамес Родригез и наскоро тој ќе му се приклучи на тимот.

Се верува дека
причина за ваквата изненадувачка одлука е тешката повреда на Марко Асенсио, кој
ќе го пропушти најголемиот дел од сезоната и ќе паузира околу 9 месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×