Македонскиот
репрезентативец и член на португалскиот тим Спортинг од Лисабон, Стефан
Ристовски не се најде во почетниот состав на својот тим на гостувањето во
Пиреја, Грција.
Во изјава за
медиумите стратегот од клупата на Спортинг Лисабон, Жорж Жезус во пресрет на
средбата во Грција издвои дека 25 годишниот Македонец е една од опциите за
дефанзивната линија, но сепак и дефинитивно реши нашиот фудбалер да почне од
клупата за резервни фудбалери.
Постоеше опција
нашиот интернационалец да стартува вечерва на мечот во Пиреја, најмногу поради
фактот што португалскиот стратег се соочуваше со проблеми во склопувањето на
составот, пред се’ во
дефанзивната линија, таму го имаше повредениот десен бек Пицини, а токму тоа е
природната позиција на нашиот Ристовски.
Сепак,
Баталјиа иако не е дефанзивец, најмалку
бек, на изненадување на многумина е алтернатива за Жезус која се покажала доста
успешно на гостувањето кај Феиренсе во португалскиот шампионат, каде неговиот
тим славеше со 2-3, а Аргентинецот го замени Италијанецот на оваа средба токму
на неговата позиција, по комбинациите кои ги направи португалскиот стратег, кои
за него биле успешни.
Сепак, Жезус се реши да ризикува, па на десната бековска позиција ќе стартува со Пицини, а нашиот фудбалер се најде на клупата за резервни фудбалери.